Клоп: Средбата со Фергусон беше како да го запознав папата


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Јирген Клоп сосема заслужено ја доби наградата за најдобар тренер во Англија откако супериорно ја освои титулата во Премиер лигата со Ливерпул.

Трофејот што Клоп го доби го носи името „Сер Алекс Фергусон“ во чест на најтрофејниот менаџер во британскиот фудбал.

„Задоволен сум што го добив овој трофеј. Забележав дека многу големи имиња во историјата на Ливерпул го добиле ова признание. Бил Шанкли, Боб Пејсли, Џо Фаган, Кени Далглиш и секако Брендан Роџерс“, изјави Јирген Клоп.

Клоп има само пофални зборови за Фергусон и откри како поминала нивната прва средба.

„Знам дека не е соодветно тренер на Ливерпул да го каже ова, но јас му се восхитувам на Сер Алекс Фергусон. Тој е првиот британски тренер со кого се сретнав, бевме на доручек. Тоа беше многу одамна, не знам дали ја памети нашата прва средба, но јас никогаш нема да ја заборавам, тоа беше како да сум се сретнал со папата!“, открива Клоп.