Advertisements
Спорт

Клоп призна: И Ливерпул го сака Санчо!

Манаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп призна дека му се допаѓа Џејдон Санчо уште од времето кога младиот Англичанец играше за Манчестер Сити.

Меѓутоа, тогаш за Ливерпул беше невозможно да донесат играч од редовите на големиот конкурент, па Санчо се пресели во редовите на Борусија Дортмунд каде буквално „експлодира“.

„За англиските фудбалери е добра идејата да одат во Германија, бидејќи ние никогаш не би имале шанса да го купиме Санчо. Не сме слепи – го забележавме, ни се допаѓа, но потоа се запрашавме „можеме ли да го донесеме“? Не. Англиските клубови не продавата играчи на други англиски клубови. Не знам која е причината за тоа, но е така. Сега тие играчи можат да одат во Германија, каде првенството е прекрасно и да напредуваат како играчи“, изјави Клоп.

Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул се уште го следи Санчо и на лето ќе се обиде да го врати во Англија.

Меѓутоа ќе имаат сериозна конкуренција бидејќи Манчестер Јунајтед е сериозно заинтересиран за Санчо и веќе ја започна операцијата за негово доаѓање на „Олд Трафорд“.

Борусија Дортмунд минатото лето го откупи младиот Ангчиланец за сума од 8 милиони фунти, а сега за неговата слобода бара 70 милиони евра. Медиумите на Островот тврдат дека Манчестер Јунајтед и Ливерпул се спремни да ја платат таа сума.

Advertisements

Најпопуларно

To Top