Клоп прави „дрим-тим“: На Енфилд доаѓаат најголемите таленти во светот!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тимот на Јирген Клоп моментално се наоѓа на второто место на табелата во Премиер лигата, а целта на луѓето од „Енфилд“ е конечно оваа сезона да станат шампиони.

Меѓутоа за враќањето на тронот Ливерпул мора да го реши проблемот со неколку позиции во тимот кои во досегашниот тек од сезоната се покажаа како слабост.

Како главен проблем на тимот се посочува одбраната, поточно голманската позиција. Иделано решение за таа позиција би бил Каспер Шмајхел, кој минатата сезона беше еден од најзаслужните што Лестер стана шампион.

Како што пренесува „Сан“, Ливерпул го сака голманот на „лисиците“ и за таа цел спремил 20 милиони фунти уште во зимскиот преоден рок.

За додатно да ја засили одбраната, но и средината на теренот, раководството на „црвените“ го саа играчот на Интер Џефри Кондогбија кој оваа сезона е во втор план кај „нероаѕурите“. За таа цел тимот од „Енфилд“ спремил понуда од 22 милиони евра.

Исто така на нивната трансфер листа за јануарскиот преоден рок се и бразилскиот „вундеркинд“ и играч на Сантос, Тиего Маиа, а покрај него го сакаат и „новиот Зидан“, играчот на Нант, Амин Харит.