Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Филипе Кутињо вчера го комплетираше трансферот во Баерн Минхен, каде пристигна на едногодишна позајмица од Барселона.
Бразилецот ја напушти Барса откако не ги исполни очекувањата. Кутињо во Барселона стигна на почетокот во 2018-та година од Ливерпул за 160 милиони евра и со тоа стана најскап играч во историјата на овој клуб.
Барселона му ја отвори излезната врата, неколку клубови беа заинтересирани за неговиот потпис, а Клоп потврди дека сакал да го врати на „Енфилд“.
„Звучи малку чудно, но не можевме да си го дозволиме. Веќе ги потрошивме парите кои ги добивме за него кога замина во Барселона и не можевме да го вратиме. Тој е одличен човек и фантастичен фудбалер. Може да направи разлика со само еден потег и тоа го докажа милион пати. Ако е во вистинско друштво никој не може да го запре“, изјави Клоп.