Home Спорт Клоп потврди дека ќе има замски засилувања

Клоп потврди дека ќе има замски засилувања

Ливерпул одлично ја започна сезона во Премиер лигата и оваа сезона ќе се бори за титулата, па поради тоа Клоп ќе добие додатни засилувања во зимскиот преоден рок.

Особено проблематична за „црвените“ ќе биде позицијата напаѓач, бидејќи младиот Дени Ингс се повреди, а Мане во јануари ќе замине на Афричкиот куп на нации.

„Немаме проблем со напаѓачите, мислам дека тројца се доволни, проблем е со крилата. Кога Мане ќе замине ќе имаме проблем. Фирмињо може да игра на крило, но тогаш ќе ни недостасува напаѓач. Ќе треба да се засилиме на таа позиција“, потврди Клоп.

Покрај играчот на Рен, Пол Жорж Нтеп кој веќе подолго време се поврзува со Ливерпул, медиумите открија уште две имиња кои се на радарот на „црвените“.

Првиот е Кристиан Пулишиќ, кој игра одлично оваа сезона за Борусија Дортмунд, но за Ливерпул ќе биде тешко да го донесе на „Енфилд“. Второто име е 18-годишниот играч на Марсеј, Максим Лопез кој може да игра на двете крилни позиции.

Вчитај повеќе поврзани статии

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…