Спорт

Клоп порача: Кутињо останува во Ливерпул!

Ливерпул оваа сезона игра одлично во Премиер лигата, а најдобар поединец во тимот на Јирген Клоп е секако Филипе Кутињо.

Кутињо блеска во „црвениот“ дрес и е еден од најдобрите фудбалер во Премиер лигата, па веќе почнаа шпекулациите за негов интерес од страна на Барселона.

Медиумите тврдат дека Бразилецот е главна трансфер мета на Барселона и дека Каталонците се спремни да платат огромна сума на пари за да го донесат на „Камп Ноу“.

Сепак, менаџерот Клоп воопшто не е загрижен од ваквите шпекулации бидејќи е убеден во лојалноста на Бразилецот и порача дека Кутињо сигурно останува на „Енфилд“.

„Нема зошто да бидам загрижен, иднината на Кутињо е во Ливерпул. Фудбалерите сакаат да бидат овде, уживаат играјќи за овој клуб, а наша работа е овој тренд да остане и во иднина. Моето мислење е дека Кутињо се чувствува прекрасно овде, се гледа себе си уште долго време во Ливерпул“, истакна Клоп.

„Тој е извонреден фудбалер, но исто така е и уште млад, така што најмногу импресионира што кај него има и огромен простор за уште поголем напредок. Секако дека ако некој клуб дојде и му понуди двојно повеќе пари од нас, тој можеби нема да може да ги одбие, но не знам дали постои клуб што може да му даде толкава сума. На крајот се ќе се сведе на атмосферата што ја создаваме овде, на клуб од кој никој не сака да си замине“, заклучи Германецот.

Advertisements
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top