Клоп: Не знам колку жители има Плимут, но сите беа во шеснаесетникот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јирген Клоп беше изненаден од ремито против Плимут и изјави дека секогаш е тешко да се игра со екипа која со сите свои фудбалери се брани да не прими гол.

Ливерпул одигра меч без голови со Плимут, што е изненадување, иако Јирген Клоп одлучи да настапи со млад состав.

„Резултатот можеше да биде ист, без разлика со каков состав ќе истрчавме на теренот. Излеговме со млада екипа и беше навистина тешко. Можевме да направиме некои работи подобро. Одигравме добро на стартот, но пребрзо го загубивме трпението и како да заборавивме да играме фудбал. Не знам колку луѓе живеат во Плимут, но се чинеше како цел град да се наоѓа во нивниот шеснаесетник. Моравме да останеме мирни и трпеливи и да го прифатиме крајниот резултат“, изјави Германецот.