Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Последниот ден од 2016 година во Премиер лигата ќе биде одиграно големото дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити, а во центарот на вниманието ќе бидат двајцата менаџери, Пеп Гвардиола и Јирген Клоп кои имаа интересни дуели и во Бундес лигата.
Гвардиола до минатото лето беше тренер на Баерн Минхен и имаше извонредни дуели со Јирген Клоп додека ја водеше Борусија Дортмунд, па затоа не чуди што Германецот има голем респект кој Шпанецот.
„Гвардиола е фантастичен менаџер. Прифати голем предизвик, а можеше да оди во некоја полесна лига. Имаше одличен тим во Барселона и во Баерн Минхен, но имаше големо влијание врз начинот на кои тие играа. Ако одите во Барселона како нов менаџер ќе ви кажат: Немој да заборавиш, играме како што Гвардиола играше. Тоа е најголемото влијаение кое можете да го имате“, истакна Клоп.
Натпреварот се игра уште во 18:30, а ќе има и шампионски шмек бидејќи двата тима се борат за титулата во Премиер лигата.