Клоп: Европската титула на Звезда? Тогаш имав попаметна работа од гледање на ЛШ


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп уште еднаш ги насмеа новинарите пред утрешниот меч со Црвена Звезда во Лигата на шампиони.

Клоп не штедеше зборови за да го пофали ривалот, но кога беше запрашан за европската титула на Црвена Звезда даде урнебесе одговор.

„Кога беше тоа? 1991 година? Тогаш имав 23 години и сигурно е дека сум имал попаметни работи од гледање на финале во Лига на шампиони“, со насмевка изјави Клоп.

„Гледав неколку натпревари, тоа беше навистина неверојатен тим“, додаде Германецот.