Клоп е легенда: Видете што му кажа на четвртиот судија!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јирген Клоп е темпераментен тренер кој често има излив на емоции, но понекогаш знае и да претера како што беше синоќа на мечот против Челзи.

Во завршницата од натпреварот Клоп му се развика во фаца на четвртиот судија, Нил Сварбрик и тоа во моментите кога Мињоле го одбрани пеналот на Диего Коста.

Тогаш Клоп истрча од клупата, дојде до четвртиот судија и му се издери во лице, а после натпреварот самиот откри што рекол.

„Сакам да ја разјаснам ситуацијата со четвртиот судија. Во вакви ситуации медиумите ќе почнат да читаат од усни и да толкуваат, а јас сакам да им олеснам. Му реков „никој не може да не победи“, што рака на срце и не е точно, но во тој момент така се чувствував“, откри Клоп.