Спорт

Клоп добива 50 милиони за зимски шопинг!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ќе добие буџет од 50 милиони фунти во зимскиот преоден рок, а ќе ги потроши на довбедување на двајца фудбалери.

Како што пренесуваат англиските медиуми главни мети се стоперот на Саутемптон Вирџил ван Дајк и напаѓачот на Селтик, Муса Дембеле.

Ван Дајк е најбараниот дефанзивец на Островот во овој момент, а одбраната е најголем проблем за „црвените“. Клоп сака по секоја цена да ја засили дефанзивната линија и е спремен да плати 25 милиони фунти за Холанѓанецот.

Исто така германскиот стратег бара и замена за Мане, кој во јануари ќе отсуствува поради Афичкиот куп, а иделна замена гледа во младиот Дембеле.

Ова момче блеска оваа сезона во дресот на Селтик и го привлече вниманието на многу европски гиганти, па доколку пристигне на „Енфилд“ сигурно ќе биде големо засилување за „црвените“.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top