Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во соблекувалната на Ливерпул владее одлична атмосфера оваа сезона, а покрај добрите резултати за тоа заслужен и тренерот Јирген Клоп.
Германецот откри една анегдота која се случила пред реваншот од чевртфиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
„Кога требаше да се појавиме на тренинг во Манчестер им реков на играчите: Момци ајде сите да излеземе голи на терен, секако никој нема да забележи – сите ќе го гледаат само Салах“, изјави Клоп низ смеа.
„Навистина е одлична атмосферата во тимот и на сите им е драго поради вниманието кое Салах го добива. Станува збор за одлична група со која работам. Секако дека на атмосферата влијаат и добрите резултати, но има и примери каде има и одлични играчи и добри резултати, но нема позитивна енергија во соблекувалната“, додаде харизматичниот Германец.