Клоп: Ако ме отпуштите мене нека ме наследи Џерард!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп истакна дека кога еден ден ќе ја напушти клупата на „Енфилд“ би сакал за свој наследник да го види легендарниот капитен Стивен Џерард.

Џерард од 1998 до 2015 година го носеше црвениот дрес на Ливерпул па стекна статус на клупска легенда, а потоа на кратко се пресели во ЛА Галакси.

Џерард во февруари се врати во клубот како тренер на младинската академија, а минатиот месец беше поставен за тренер на тимот до 18 години.

Клоп вели дека токму Џерард сака да биде негов наследник кога тој ќе го напушти Ливерпул.

„Каков човек. Тој е едноставно фантастичен. Совршено е што го уклучувме во работата на клубот. Му реков дека кога јас ќе заминам, или ако ме откуштат, сакам Стиви да биде мојот наследник. Ќе се потрудам да ги добие сите неопходни информации“.

„Кога ќе се приклучите на клуб каков што е Ливерпул имате голема одговорност према иднината. На овој клуб во иднина им се неопходни легенди како Џерард на клучни позиции“, изјави Клоп.