Кло славеше роденден со семејството и неверникот Тристан – Ким го натера да го направи ова


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кло Кардашијан го прослави својот 34-ти роденден во друштво на семејството и дечкото Тристан Томпсон, а нејзината сестра Ким Кардашијан речи да ја искористи таа прилика да го натера да ја одблокира на социјалните мрежи да ги закопаат секирите.

Ким во април се појави во емисијата The Ellen Show каде поради нештата кои ги изнесе за дечкото на Кло, тој ја блокираше на за неа бесценетите социјалните мрежи. Веројатно ни сестрите на изневерената Кло не веруваа дека парот ќе се смири, па на сите јавни настапи и на социјалните мрежи јасно го кажуваа нивното мислење за него и она кое тој го направи.

Но, Кло и Тристан се смирија после само неколку дена, а Ким очигледно реши да ја почитува одлуката од нејзината сестра. Таа го замоли Тристан да ја одблокира на социјалните мрежи, а сето тоа го сними со камера и го сподели на интернет.

Ким веднаш провери дали Тристан се наоѓа меѓу нејзините 113 милиони пријатели, додека неверството на младиот кошаркар никој од кланот Кардашијан/Џенер веќе не го споменува.