Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Објавен е првиот трејлер за биографската криминалистичка драма „Lizzie“, во која главните улоги ги толкуваат за Оскар номинираната Кло Севињи како Лизи Борден и Кристен Стјуарт како Бриџет Саливан. Дејството на филмот чија режија ја потпиша Крег Вилијам Макнејл, се базира на вистински случувања.
„Lizzie“ говори за неразјаснетите и нерешени убиства кои во текот на 1892 година се случиле во градчето Фол Ривер во Масачусетс. Бриџет Саливан, прислужничка кај семејството Борден, го затекнала таткото на Лизи Борден мртов, измасакриран со секира, на каучот во дневната соба. Потоа го пронашла и телото на нејзината маќеа, како и крвавата секира во куќниот подрум. Низ филмот протекуваат разни теории за мистериозните убиства.
Покрај Севињи и Стјуарт, во филмот глумат и Ким Дикенс, Денис О’Хара, Џеф Пери, Фиона Шо и Џејми Шеридан.
Сценариото е на Брус Кас, а продуценти се Севињи, Наоми Деспрес и Лиз Дестро.
Кино премиерата на оваа возбудлива крими драма е на 14 септември оваа година.