Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Младиот голман на Херта Берлин, Џонатан Клинсман синоќа го имаше своето деби за германскиот клуб, и тоа во Лига Европа против Остерсунд.
Синот на некогашниот легендарен напаѓач Јирген Клинсман не можеше да посака подобро деби, бидејќи одбрани пенал, а неговиот тим остана непоразен (1:1).
Во 87-та минута шведскиот тим не реализираше пенал, бидејќи ударот на Иранецот Брва Нурија, 20 годишниот Џонатан Клинсман го одбрани.
Синот на Јирген Клинскам ја искористи шансата да дебитира за Херта, откако првиот голманб Руне Јарстајн не влезе во протоколот, а неговата замена Томас Крафт се разболе.
„Ова е потполно лудо, не знам како поинаку да го опишам тоа. Прв пат сум во почетните 11, и тоа уште во Лига Европа. Бев нервоен пред натпревареот, кога дознав дека ќе бранам. Го повикав татко ми, и тој малку ме смири. Интересно е дека пред самиот почеток на натпреварот вежбавме пенали. Не ги очекувавме, но морате да бидете подготвени на се“, изјави Клинсман Јуниор.
Not a bad @HerthaBSC debut tonight for @J_Klinsmann's goalkeeping son Jonathan… #UEL pic.twitter.com/LfpZlKeLLr
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) December 7, 2017