Home Актуелно Клиниката „Жан Митрев“ нуди имот како гаранција за да бидат деблокирани сметките за непречена работа на болницата

Клиниката „Жан Митрев“ нуди имот како гаранција за да бидат деблокирани сметките за непречена работа на болницата

Клиника „Жан Митрев“ нуди имот како гаранција и бара деблокирање на сметките со цел непречена работа на болницата.

„Работењето и сметките на Клиника Жан Митрев се сѐ уште блокирани откако Кривичен суд на само еден ден пред закажаното прво рочиште донесе пресуда со решение за целосно блокирање на сметките на болницата, а обвинителката изјави дека нема намера да ја блокира болницата и тековното работење. Во тој случај, доколку обвинителката вели дека нема намера да ја блокира болницата и тековното работење нека побара деблокирање на сметките. Клиника Жан Митрев ќе понуди имот како гаранција.

Целосно неосновано е образложението на Кривичниот суд дека се блокираат сметки на правни лица кои не се од интерес на клиниката. Напротив, со донесените мерки работењето на болницата Жан Митрев, која е здравствена организација од јавен интерес трпи штети.

Сепак, Клиника Жан Митрев и во вакви околности и под ваков притисок, со блокирана сметка продолжува да работи со своите пациенти и лекувањето на ниту еден пациент нема да биде доведено во прашање“, велат од клиниката.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…