Кличко: „Русија врши геноцид во Украина – ова овде е кошмар“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, апелираше дека Русија врши „геноцид“ во Украина.

Тој го истакна ова на видеоконференција со официјални лица од Минхен, барајќи од нив да ја притиснат федералната влада да ги прекине сите економски врски со Русија, јави ДПА.

„Русија го инвестира секое евро, секој цент, во нејзината војска“, им рекол Кличко на официјалните лица од Минхен, збратимен град на украинската престолнина.

Тој додал и дека руската војска го уништува цивилното население и целата држава.

Според неговото објаснување, бомбите користени од Русите уништуваат сè во радиус од 500 метри. Па затоа, Кличко ова го опишува како напад не врз војската туку врз народот.

„Ние не можеме да ги изброиме мртвите тела. Кошмар е тоа што се случува тука“, изјави Кличко.