Кличко ја замрзна градоначалничката функција на Киев и излезе на бојно поле да се бори против Русите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Легендарниот боксер Виталија Кличко кој во овој момент е градоначалник на украинската престолнина Киев објави дека ја замрзнува својата функција како градоначалник и излегува на фронт против руската армија.

Руските трупи веќе стигнаа до Киев и престолнината е под опсада, а од утрово на социјалните медиуми се појавуваат разни видеа и фотографии од борби во градот.

„Немам друг изборам, морам да го направам тоа. Одам на фронт во борба“, порача Кличко и додаде:

„Верувам во Украина, верувам во својата држава и својот народ. Украинците се силен народ кој ќе остане верен на себе во ова страшно искушение. Ние живееме за суверенитетот и мирот, рускиот народ го сметаме за братски“.

На фронт излегува и неговиот брат Владимир, двајцата од почетокот на оваа година се појавија во војска како дел од територијалната одбрана на Киев.