„Клетници“ во изведба на прилепскиот театар најдобра на 53-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претставата „Клетници“ во изведба на прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ беше прогласена за најдобра претстава во целина на 53-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, соопшти фестивалското жири на пладневната прес-конференција.

Претставата „Клетници“ од Виктор Иго во режија на мартин Кочовски се закити со уште три награди: за главна женска улога за актерката Ангела Наумоска, за Горјан Милошевски за современа сценска драматизација на романот „Клетници“ и награда за музика за групата „Фолтин“.

Жирито во состав Мими Таневска Србиновска, претседател и членовите Јасна Новаков и Драган Спасов-Дац наградата за најдобра режија му ја доделија на Диего Де Бреа за претставата „Крал Лир“ на турскиот театар, а наградата за најдобра машка улога ја понесе Сашко Коцев во претставата „Ничија земја“ на МНТ од Скопје.

Наградите ќе бидат доделени вечер на сцената од Домот на културата „Марко Цепенков“ кога во чест на наградените театар Комедија ќе ја изведе претставата „Не сега драга“ со што ќе биде спуштена завесата на 53. МТФ „Војдан Чернодрински“.

Извор: Стандард