Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден од најпознатите и најдобри англиски арбитри Марк Клатенбург, кој моментално работи во судиската организација на Саудиска Арабија, даде објаснување за пеналот на „Сантиаго Бернабеу“.
Очекувано, Клатенбург застана во одбрана на својот колега Оливер, а барањата на Јувентус ги окарактеризира како „смешни“.
„Дуелот на Бенатиа со Васкез е пенал. Мајкл од свој агол виде благо туркање од страна на Бенатиа, но имаше и помош од другиот судија кој стоеше пред голот. Од негов агол, другиот судија можеше да види како ногата на Бенатиа се движи околу телото на Васкез. Оливер не му даде црвен картон на Бенатиа, што укажува на тоа дека тој мислел дека намерата на стоперот била да ја дофати топката. Тоа беше ненамерен прекршок, но беше прекршок“, истакна Клатенбург,а потоа ја коментираша изјавата на Буфон.
„Одлуката да го исклучи Буфон е исто така исправна на судијата, Некои луѓе од Јувентус сметаат дека Оливер морал да ги земе во обзир судиските одлуки од првиот меч, а тоа е смешно“.
If Vazquez was, say, Mandzukic and Benatia was Ramos, everyone would be screaming for a penalty. Your hate and bias towards Real Madrid is so obvious. pic.twitter.com/U7FZxD9PwU
— N (@Baleinho) April 12, 2018