Кластер на КОВИД-19 во геријатриската болница во скопската населба „Ѓорче Петров“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


17 пациенти кои престојуваат во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје се позитивни на коронавирус, покажаа резултатите после извршените тестови.

„На ден 03.08.2020 година, добивме повратна информација од страна на Институтот за јавно здравје-Скопје за двајца пациенти позитивни на Ковид-19 по испратени брисеви за обработка, во рамки на едно одделение во Одделот за Геријатриска медицина. По добиената информација, веднаш е постапено согласно со протоколите за изолирање на болните од останатите пациенти и спроведување на епидемиолошка анкета на вработени за спречување на ширење на инфекцијата и мерки за дезинфекција“, соопштија од болницата.

Од таму велат дека веднаш бил спроведен скрининг на вработените од одделението и детектирани се тројца вработени позитивни на Ковид-19 кои веднаш се исклучени од работниот процес и пријавен е случајот во Центарот за јавно здравје-Скопје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Од овој кластер, до сега се детектирани 17 позитивни пациенти, двајца се со потешка клиничка слика и транспортирани се на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.