„Кластер Адриа Тур“: И Виктор Троицки позитивен на КОВИД-19 после учеството на турнирот во Задар


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Познатиот тенисер Виктор Троицки стана третото тениско име заразено со коронавирус по играњето на контроверзниот Адриа Тур на Новак Ѓоковиќ.

Славниот тенисер сега од сите страни се соочува со осуди откако организираше хуманитарен настан кој се одржа во Србија и Хрватска во последните два викенди. Турнирот се одржа во Белград и Задар, каде тенисерите беа фотографирани како заедно играат кошарка и танцуваат без да ги почитуваат мерките за социјална дистанца.

Григор Димитров, Борна Чориќ и сега Троицки се позитивни на коронавирусот откако учествуваа во настанот. Троицки откри дека е заразена и неговата бремена сопруга.

„Вистина е, јас и сопругата сме позитивни на вирусот. Таа се тестираше во петокот, а јас и ќерката во неделата откако дознавме дека е позитивна сопругата. Мојата ќерка не е позитивна, само јас и сопругата“, им откри Троицки на медиумите.

Резултатите на тестирањето на Ѓоковиќ се очекуваат денеска по што тој ќе се обрати до јавноста.

Австралискиот тенисер Ник Кирјос вчера ја осуди одлуката на Ѓоковиќ за одржување хуманитарен настан, без почитување на протоколите.

„Ова не е шега“, им порача тој на колегите.