Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Актерската холивудска икона Клинт Иствуд (88) успеа да ги собере сите свои осум деца на едно место по повод премиерата на неговиот нов филм „The Mule“ во Лос Анџелес во понеделникот вечерта.
Актерот се појави со целиот свој достоинствен сјај на црвениот тепих во друштво на сите свои наследници, за да ги овековечи во еден прекрасен кадар сите свои наследници – композиторот и актер Кајл (50 години), актерот Скот Иствуд (32 г), Кимберли Лин (54 г.) и Кетрин (30 г.) од неговата врска со актерката Роксан Тунис (мајка исто на Кајл, Скот и Алисон), Франческа (25 години) – плод на неговиот однос со уште една филмска ѕвезда – Френсис Фишер и Морган (21 г.) од бракот со новинарката Дина Руиз.
Изненадување за сите беше присуството и на неговата највозрасна ќерка – 68-годишната Лори која Иствуд ја дава за посвојување, уште пред да се прослави.
Едвај неодамна таа беше официјално призната како негова законска ќерка.
Осумте деца на Клинт Иствуд се од шест различни жени, при што само две имаат чест да бидат негови сопруги. Најпознатиот наследник, моделот и актер Скот Иствуд, е едно од двете деца, кои актерот ги има од стјуардесата Жаклин Ривс.
Со нив таа го дарува за време на нивната тајна афера која траеше неколку години. Тие имаат врска во периодот кога Клинт е во врска со Сондра Локи, закоја денеска се дозна дека починала пред еден месец.