КЛАДЕЊЕ.МК анализира: Група Б во ЕП Ракомет!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според квалитетот на репрезентациите оваа група не би требало да донесе неизвесност за првите две места. Тие позиции се загарантирани за Франција и Норвешка. Понеизвесна битка ќе биде онаа за третото место кое последно води во следната рунда и тоа меѓу Белорусија и Австрија.

Франција е главен фаворит за титулата

Ракометна репрезентација на ФранцијаСо генерација на играчи кои го имаат прекарот “Лес Експерти”, националниоттим на Франција се смета за еден од најталентираните во ракометната историја. Во 2017 година, Франција стана првата нација која освои шест светски титули (1995, 2001, 2009, 2011, 2015 и 2017 година). На тоа ги додадоа и трофеите од ЕВРО (2006, 2010 и 2014) и две олимписки златни медали (2008 и 2012).

Франција исто така освои и сребрен медал на Олимписките игри 2016. Водени од тренерите Дудир Динарт и Гијом Гил, светските шампиони во одбраната ги предводи Седрик Сорхаиндо како капитен и еден од најдобрите играчи на сите времиња Никола Карабатиќ, пишува Кладење.мк.

Младите играчи како Недим Ремили и Лудовик Фабрегас покажаа дека имаат потенцијал да станат ракометари од светска класа и да му помогнат на тимот да се обнови по пензионирањето на долгогодишните клучни играчи Тјери Омејер и Даниел Нарсис. Очекувањата се дека Франција ќе дојде до златото и тоа е единствената мисла на ракометарите на оваа репрезентација. И според букмејкерите Франција е фаворит за златото и коефициентот за такво нешто е 3.00 во 10Bet.

Норвешка е 6-ти фаворит за титулата

Ракометна репрезентација на НорвешкаНорвешка патува во Хрватска со многу поинаква репутација од онаа што ја имаше на претходниот шампионат, во Полска во 2016 година. Тогаш Норвешка беше најголемото изненадување стигнувајќи до полуфиналето елиминирајќи репрезентации како Франција и домаќинот Полска.

Таа норвешка кампања во 2016 го донесе тимот во центарот на вниманието. Го следеа овој успех со уште еден историски резултат…

 

ЦЕЛАТА АНАЛИЗА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИОТ САЈТ КЛАДЕЊЕ.МК