Спорт

КЛАДЕЊЕ.МК: Анализа на германската ракометна репрезентација


Германија е бранител на трофејот, но за разлика од пред две години сега сите со голем респект гледаат кон овој тим. Германија е во групата Ц во која се и Македонија, Словенија и Црна Гора, а домашната јавност очекува лесно да се мине групата. Освен тоаочекувањата се и да се стигне до максимални три победи во првата фаза.

Германија ја брани европската круна

Пред две години, германските “лоши момчиња” го подигнаа трофејот на Европското Првенство во Полска. Сега нивниот нов тренер Кристијан Прокоп останува смирен и ја спушта топката на земја, иако неговата репрезентација се најде во поволна група. Противници се три поранешни југословенски репрезентации: Црна Гора, Словенија и Македонија. Заедно со Шпанија, Германија е единствената земја која славеше на сите шест натпревари во својата квалификациска група.

За разлика од 2016 година, Германија од првичниот состав на оние кои станаа европски шампиони, Прокоп  требаше да замени само двајца. Го замени Никлас Пичковски (повреда на рамо) со соиграчот од Лајпциг, Максимилијан Јанке. Додека навивачите во Германија се надеваат на повторување на успехот од 2004 и 2016 година и трети трофеј од ЕВРО, Прокоп не сака да зборува за одбрана на титулата. Тој повеќе зборува за”средните цели” на неговиот тим.

Ростер

Најдобриот стрелец на Бундеслигата за 2016/17, Филип Вебер од Леипциг, страда од фрактура на ногата, но тој е пријавен и се чини дека е подготвен за настап во Хрватска. Неколку позиции, како дуото на голот Андреас Волф / Силвио Ханеветер и десните крила Патрик Гроцки / Тобијас Рајхман, се чини дека се најсилни страни на тимот. Исто така, капитенот на тимот Уве Геншајмер и тројцата играчи Виенек, Пекелер и Колбахер се во одлична форма и од нив може да се очекува најмногу на овој шампионат.

Напад

Тактиката на новиот селектор не промени многу од онаа победничката од 2016 година. Германија смета на експертите за брза игра, како што се Геншајмер и Рајхман / Гроцки. Но и на моќните и силни играчи Џулиус Кујн, Пол Друкс или Каи Хафнер кој секогаш знаат да ги прелажат судиите. Генсхајмер и Рајхман се ладни како мраз кога шутираат од седум метри, што може да биде уште една предност за Германците.

Единствената позиција …

 

ЦЕЛАТА АНАЛИЗА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИОТ ПОРТАЛ КЛАДЕЊЕ.МК

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top