Кјубрик сметал дека Де Ниро не е доволно психотичен за да глуми во „Сјаење“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Режисерот Стенли Кјубрик мислел дека Роберт Де Ниро не е доволно психотичен за да го глуми главниот лик во „Сјаење“ (The Shining).

Ваквиот став сега звучи малку чудно, со оглед на тоа што актерот одушеви во „’Рт на стравот“ (1992) како насилен психопат и сексуален престапник. Но, во тоа време, оценката на Кјубрик имала совршена смисла.

Класикот хорор од 1980 година, базиран на истоимениот роман на Стивен Кинг (1977), го следи писателот Џек Торенс (Џек Николсон), кој станува зимски чувар на изолиран хотел во Колорадо со надеж дека ќе ја излечи креативната блокада. Таму се преселува со својата сопруга и синот.

Додека неговото пишување воопшто не напредува, а психичката состојба на синот Дени станува сè понестабилна, Џек ги открива мрачните тајни на хотелот и се претвора во манијакален убиец кој почнува да го тероризира своето семејство.

Во 2012 година, три децении по објавувањето, The Shining беше рангиран како 75. најдобар филм на сите времиња според мислењето на режисери во анкетата на магазинот Sight & Sound.

Имајќи предвид дека многумина ја сметаат за една од најдобрите улоги на Николсон досега, речиси и не се знае дека Де Ниро, кој стана големо име по „Таксист“ (1976), првично бил потенцијален кандидат за улогата на Џек.

Иако првиот избор на Кјубрик секогаш бил Николсон, режисерот размислувал и за други познати актери за улогата.

На крајот се решил за  Николсон. Фактот дека пет години претходно глумеше во „Лет над кукавичкото гнездо“, кој му го донесе првиот „Оскар“ за најдобар актер, веројатно бил клучен за изборот.