Home Шоубизнис Кити Спенсер, внука на принцезата Дајана, се вери за милионерот Мајкл Луис

Кити Спенсер, внука на принцезата Дајана, се вери за милионерот Мајкл Луис

29-годишната лејди Кити Спенсер, внука на покојната принцеза Дајана, за време на празниците се вери со 32 години постариот милионер Мајкл Луис (61).

Тој се развел од поранешната сопруга, со која има три деца, а неговото богатство е проценето на 80 милиони фунти, пишува „Метро“. Луис е инаку пет години постар од таткото на Кити.

Парот за прв пат заедно во јавност се појавил во август 2018 година. Тогаш папараците ги забележале како се бакнуваат. Гласините околу запросувањето започнаа уште во јуни минатата година поради големиот дијамантски прстен кој Кити го носела на еден лондонски бал.

Врската тие ја признале дури подоцна, кога заедно прошетале низ Њујорк. Внуката на Дијана тогаш рекла дена не се брза околу основање на семејство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …