Кит Харингтон: „Доста ми е од Game of Thrones“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Додека најпосветените и останатите обожаватели на мегапопуларната серија Game of Thrones се под тажен емотивен набој поради финалната сезона која пристигнува оваа година во април, актерот Кит Харингтон признава дека и тој, и целата филмска екипа од серијата, крајот на овој сериски хит го дочекале исклучително уморни и ненаспани.

„Изгледа оваа серија како да е дизајнирана  да ве натера на размислување“, вели актерот кој го глуми ликот на Џон Сноу за GQ Australia.

„Последната сезона од серијата е направена за да не скрши нас. Сите беа скршени на крајот. Не знам дали плачевме затоа што е крај или затоа што бевме преморени. Сите бевме ненаспани“, открива Харингтон.

Тој открива дека веќе му е доста од сето тоа.

„Го сакам сето ова. Game of Thrones е најдобрата работа во мојот живот која веројатно некогаш ќе ми недостига, но завршив со тоа и доста ми е од неа“, вели Харингтон.