Home Спорт Кирјос продолжува со „лудориите“: Го гаѓаше судијата со шише (видео)

Кирјос продолжува со „лудориите“: Го гаѓаше судијата со шише (видео)

Ник Кирјос продолжува со своите непромислени потези и повторно направи инцидент во Вашингтон.

Кирјос го доби мечот со Јошита Нишиока со 6-2 и 7-5, но како и обично, беше незадоволен од судењето.

Тенисерот го гаѓаше судијата со шишето, ја погоди неговата столица, а кога арбитарот го праша зошто го направил тоа, Кирјос имаше глупаво оправдување.

„Ми падна од раце…“, кажа Кирјос.

Кирјос со ваквото однесување го навлече гневот на многу љубители на тенисот, а неодамна јавно призна дека има психички проблеми.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…