Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во моментов се игра првото полуфинале на фајнл-форот во Келн помеѓу Нант на нашиот Лазаров и фаворизираниот ПСЖ.
На полувремето тимот на Лазаров водеше со три гола разлика, која себично ја чува и во второто полувреме, па е на чекор до ново финале.
Со својот шести гол на натпреварот Лазаров ја промени историјата и стана најдобриот стрелец во историјата на фајнл-фор турнирите.
Македонецот ги мина Јиха и Илиќ на вечната листа и сега има вкупно 52 погодоци, а сигурно ќе има шанса да ги подобри овие бројки на утрешниот натпревар.