Кире Лазаров спортски Супербренд во Македонија!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Компании, личности и производи вчера беа прогласени за Супербрендови во Македонија како признанија за најсилни пазарни марки во нашата земја за 2015 и 2016.

Признание Superbrand доби ракометарот Кирил Лазаров. Неговиот придонес за спортот во Македонија и пошироко не познава граници и со ова признание дополнително се зацврстува спортскиот кредибилитет и авторитет на најдобриот македонски ракометар.

„Добитниците сега се дел од најквалитетните, најоригиналните и најсигурните брендови во Македонија и светот. Тие се најпрепознатливи брендови затоа што ги исполнуваат најголемите светски корпоративни вредности“, рече Зоран Саздовски, одговорен за Superbrands Македонија.