Кире Лазаров избран за најдобар десен бек


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Капитенот на македонската ракометна репрезентација и играч на Барселона, Кирил Лазаров е најдобриот десен бек во светот во 2016 година, во изборот на реномираниот ракометен портал „Handball-palnet.com“.

„Handball-planet“, традиционално на крајот од годината го избира идеалниот тим и најдобриот играч во светот. За 2016 година најдобар на позицијата десен бек е Кирил Лазаров, кој до признанието дојде во конкуренција на Ласло Наѓ (Веспрем), Алекс Душебаев (Вардар) и Кшиштов Лијевски (Кјелце).

Играч на годината е левиот бек на ПСЖ, Данецот Микел Хансен, тој на тронот го наследи соиграчот Никола Карабатиќ кој признанието го добиваше во 2014 и 2015 година.

Иделаниот тим за 2016 го формираа, голамнот на Кил Андреас Волф, десното крило на Кјелце Тобијас Рајхман, десниот бек на Барселона Кирил Лазаров, потоа средниот и левиот бек на ПСЖ Никола Карабатиќ и Микел Хансен, левото крило на ПСЖ Уве Генсхајмер и пикерот на Кјлеџе Хулен Агинагалд.