Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Државната комисија за спречување на корупција утврди влијание при вработување на роднини од актуелни државни функционер во 9 од вкупно 18-те разгледувани случаи. Во сите девет споменати случаи имало измени во актите за вработување или пак во критериумите во огласите за тие да одговораат на кандидатот кој требало да се вработи, кој бил во роднинска врска со функционер.
Помеѓу случаите каде бил утврден непотизам вклучени се роднини на министрите за економија, Крешник Бектеши и за култура, Асаф Адеми. Потоа на пратениците на СДСМ, Александар Кирацовски, Костадин Костадинов и Мира Стојчевска. Случај на непотизам бил откриен и кај градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.
По анализата на 18-те случаи за непотизам при вработување од страна на Комисијата беше соопштено дека ќе се обратат до надлежните министерства со предлог да се направи анализа на законите кои регулираат вработувања во јавниот сектор, со цел да се утврдат ризиците за влијанија и злоупотреба на дискреционите овластувања во процесот на вработување, за што ќе бидат известени и Владата и Собранието.
ДКСК на вчерашната седница донесе одлука и за поведување две прекршочни постапки против претседателот на државата Ѓорге Иванов за донесени укази за унапредување и поставување старешини во Армијата за време на изборниот период.
Антикорупциската комисија најави дека следната недела ќе ги соопшти своите сознанија и за останатите случаи за кои имаше сомневања за непотизам.