Култура

Кинотека на Македонија одбележува 100 години од раѓањето на Ингмар Бергман

Кинотеката на Македонија го најави филмскиот циклус „100 години Бергман“, каде од 28 септември до 4 октомври ќе се проектираат девет филмови од и познатиот шведски режисер Ингмар Бергман (1918-2007).

Проекциите ќе започнуваат во 20 часот, а на репертоарот редоследно ќе се проектираат филмовите и документарците „Лето со Моника“, „Островот Бергман“, Седмиот печат“, „Навлегувајќи во Бергман“, „Диви јагоди“, „Персона“, „Есенска соната“, „Фани и Александер“, и „Сарабанд“ – последниот филм на Бергман.

Проекциите се организираат во соработка со Амбасадата на Кралството Шведска во Скопје.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top