Музика

King Kong Goes to Tallahassee „кавер“ на Георги Игнатов

Георги Игантов е бугарски дух облагороден од ините енергии на Стара Планина. Блузер, „бајкер“, планинар и планински тркач – Игнатов со огромна волја ја негува својата посветеност кон она што комплетно со едно име може да се нарече алтернативна култура и активен начин на живот.

Блузот и музиката му се во крвта, а чувството за „кавер“ изведби на некои од најдобрите блузерски дела го докажува редовно со својата гитара – кога не вози велосипед или не е на некоја тркачка планинска делница. Еве го со негова изведба на King Kong Goes to Tallahassee од Брус Кокберн.

Видеото е дело на Севдалина Кјучукова.

Advertisements
To Top