Вебкафе

Кинезите, кој друг: Направија вештачко Сонце со јадро седум пати пожешко од природното

Кинеските научници со сериозни и големи чекори газат во иднината на револуционерната футуристичка технологија.

Според последните информации кои ги пренесуваат сите светски медиуми, кинеските научни и технолошки иноватори направиле револуционерен напредок во потрагата по фузиска технологија, која би скротувала и произведувала енергија на ист начин како што до неа доаѓа во внатрешноста на ѕвезда.

Во потрага по чист извор на енергија тие успеаја да направат „вештачко сонце“ на нуклеарен погон. Во реакторот ЕАСТ научните успеаја да загреат водород внатре во „вештачкото Сонце“ на температура повисока од 100 милиони степени Целзиусови што е момент кога се создава плазма.

Температурите внатре во ЕАСТ постројките всушност се седум пати потопли отколку во центарот на Сонцето, каде притисокот на гравитацијата овозможува процес на фузија.

Од Институтот за физика на плазма, при Академијата за науки во Кина, соопштено е да ја тестираат оваа направа во облик на прстен за да го репродуцираат процесот во средиштето на ѕвездата, од кој настанува огромно количество енергија.

На Земјата се потребни екстремни температури за да се произведе нуклеарна фузија, при која два нуклеуси (јадра) „се спојуваат“ и го чинат потешко јадрото ослободувајќи и енергија. Самиот процес ослободува неверојатно многу топлина и енергија, што е видливо со голо око секогаш кога ќе погледнеме сјајна ѕвезда на темно небо.

Она, што е спротивно од фузијата, е процесот на фисија или разбивање на атоми кој се случува кога јадрото на атомите се разбиваат во верижна реакција. Тоа исто така ослободува огромно количество енергија, и моментално се користи за развој на нуклеарно оружје и за нуклеарни електрани, но за разлика од фузијата, фисијата остава и големи количества на радиоактивен и опасен отпад.

Тоа е една од причините поради која научниците ширум светот посакуваат да смислат сигурен и безбеден начин за производство и создавање на услови потребни за нуклеарна фузија, која, во теорија, еден дена на светот ќе му осигури неограничено количество на чиста енергија.

Успехот на ЕАСТ е голем чекор кој таа цел. Но, потребни се уште многу детални истражувања. Додека ова им даде можност да видат како се однесува „вештачкото сонце“ и кои услови се потребни за фузија, сфатија дека малку знаат за тоа како се однесува плазмата при такви температури, и тоа е само еден од низата препреки со кои ќе се соочат на пат до „чиста и неограничена“ енергија.

Меѓу останатото мораат да пронајдат доволно горива за да создадат такви услови, за да обезбедат стабилност во реакторот и тогаш таа цела комплицирана технологија да ја направат комерцијално исплатлива.

Advertisements
To Top