Кинезите се технолошки цареви: Над 5 милиони Кинези 7 дена користеа 100 проценти обновлива енергија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Постои многу скептицизам околу тоа дали обновливата енергија може да произведе доволно енергија за сите наши идни енергетски потреби, па така една кинеска провинција направила тест за да покаже дека е возможно цел регион да функционира само со обновлива енергија.

7 последователни дена над 5 милиони жители од провинцијата Кингаи во северозападна Кина користеле исклучиво 100% обновлива енергија. Ова било дел од тестирања спроведени од државната мрежна корпорација на Кина, дизајнирана да демонстрира дека фосилните горива не се потребни за производство на идните енергетски потреби.

Помеѓу 17 и 23 јуни 2017, провинцијата ги генерирала сите енергетски потреби од чисти извори како што се соларната енергија, онаа од ветровите, и хидроенергијата (која придонела за 72.3 насто од произведениот електрицитет).

За време на таа недела потрошувачката изнесувала 1.1 билион киловат часови (kWh), за што инаку би биле потребни 535 000 тони јаглен.

Важно е да се наспомене дека овие бројки сè уште не се потврдени од независни извори, туку само од комисијата на државната корпорација.

Инаку, целосната енергетска мрежа на Квингаи има тотален инсталиран капацитет од 23.4 милиони kW, а 83.8% од тоа се добива од обновливите извори на енергија (соларна, ветер и хидро).

Според 5-годишниот план, провинцијата планира да го прошири капацитетот на енергијата добиена од ветер, како и соларната, до 35 милиони kW до 2020, делејќи 110 билиони кWh годишно од чистиот електрицитет со централниот и источниот дел од Кина.

Но, преминот кон обновливите извори на енергија нема да се случува само во оваа провинција, според националната кинеска енергетска администрација, Кина планира да инвестира 366 билиони долари во технологии поврзани со овој вид на енергија до 2020, а овој чекор ќе креира 13 милиони нови работни места.