Кинезите се рекордери во производство на зелена енергија, ама испаѓа дека е за џабе кога нема кој да ја користи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


12 проценти од струјата генерирана од ветерни турбини во Внатрешна Монголија годинава е фрлена затоа што мрежата не можела да ја прими. Слично е и со 10% од енергијата во Ќингхај уште една пуста кинеска провинција.

Без разлика на сегашното економско забавување и ковид проблемите од изминатите години, главниот виновник за фрлањето струја е жестоката стапка на поставување инсталации за обновлива енергија. Во 2020 Кина постави рекорд за новоинсталирани ветерници, а во 2021 за соларни панели, и е на пат ова да го дуплира годинава.

Но, истовремено, со секоја додадена ветерница или соларен панел Кина „фрла“ се повеќе и повеќе зелена енергија бидејќи нејзината електрична мрежа нема капацитет да ја искористи истата.

Одењето фира на струјата е натоварено со засега нерешливиот проблем на зелената енергија, а тоа е трошењето на перките на турбините, кои вртеле, не вртеле, константно се амортизираат.

Една од мерките што Кина ја презема околу ова е воведување на квоти со кои регионите низ земјата се присилуваат да го забават воведувањето на нови проекти, додека нивната енергија не почне целосно да се користи.

Освен бирократски мерки, Кинезите работат и на терен па почнаа со изградба на далноводи кои треба да ја носат зелената енергија од далечните пустелии до урбаните и индустриски центри на кои им е потребна, плус развивање на системи за складирање зелена енергија (џиновски батерии) кои би ја чувале додека истата не затреба.