Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Обидот на фирма контролирана од Кина да ја купи медиумската компанија Форбс претставува закана за националната безбедност и ќе и дозволи на кинеската комунистичка партија да ја турка својата пропаганда користејќи еден од најпрепознатливите американски брендови, тврдат група републикански сенатори.
„Форбс е препознатлив американски бренд со огромна пропагандна вредност за Комунистичката партија на Кина“, му пишаа тие на Министерството за финансии, барајќи од администрацијата на Бајден да започне истрага за предложеното купување. „Насоките на КПП за уредувачката содржина и деловните операции на Форбс, или нивниот пристап до финансиските и други информации на Форбс, може да претставува сериозна закана за националната безбедност за Соединетите држави“.
Се работи за компанијата Magnum Opus Acquisition Limited за која американските сенатори тврдат дека е под директна контрола на КПП а медиумската компанија Форбс уште лани најави дека со нив преговара околу својата продажба.
Аксиос пишуваше дека Кина во последно време за 500% ги зголемила парите кои ги троши за свое влијание во САД.