Кинезите прават приватен рај: Рајскиот остров со луксузни хотели ќе биде нова хит дестинација


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кога ќе се каже „кинеските Хаваи“, треба да се знае дека луѓето мислат на рајски остров на југот од Кина. Но, не се природните убавини на провинцијата Хаинан и градовите Саниа и Хаико она што на посетителите им паѓа во око. Спектакуларни нови хотели и комплекси за забава никнуваат на сите страни.

„Дизајнот стана клучна и доста важна одлука за новиот проект кој ќе се појави на пазарот“, изјави за CNN архитектот Скот Миклбаст, чија фирма ги проектира зградите на Хаинан од 2005 година. „Клучно е да се најде нешто што вас ќе ве издвојува од другите“.

Еден од проектите кои најмногу се очекуваат ќе се наоѓа во централниот дел од островот, кој ќе биде цел комплекс со хотели, објекти за забава и спорт, а замислен е да има форма на цвет.

Кога ќе влегуваат во градот од исток, посетителите ќе поминат покрај огромните и рамни хотели во форма на крошни од дрва без речиси и да ги забележат дека се присутни. Изградени се минатата година.

Недалеку од пространите песочни плажи веќе се изградени пет џиновски хотели со закривена форма, на вештачки остров кој е направен само за нив.

Хотелот „Алоха“ со сите придружни елементи за забава моментално е во изградба, а кога ќе биде завршен ќе се простира на 44.000 квадратни метри. Се гради по примерот на „Ваики“ хотелот на Хаваи и ќе има капацитет од 1.000 гости.