Кинезите одлучија – ова е новиот тренер на Интер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


После отказот на Франк де Бур „нероаѕурите“ се сеуште без тренер, а после синоќешните консултации се чини работите се многу појасни и Марселињо е пред промоција во нов тренер на Интер.

Стефано Пиоли беше фаворит на раководството на Интер, кои сакаа да биде назначен италијански тренер, но кинеските сопственици се одлучија за Шпанецот. Марселињо вчера беше во Милано на разговор и викендов би требало да потпише договор.

Сеуште нема официјална потврда бидејќи во Интер има две спротиставени струи, на една се италијанските директори и Занети, а на друга страна се кинеските сопственици и агентот Киа Јорабчијан кој е нивни човек.

Италијанските медиуми немаат сомнеж дека конечната одлука ќе ја донесат сопствениците и тврдат дека набрзо Марселињо ќе биде промовиран во нов тренер на „нероаѕурите“.

Шпанецот на почетокот на сезоната самиот си замина од Виљареал поради конфликт со капитенот, а во кариерата уште ги има предводено екипите на Севиља, Зарагоса, Рекреативо, Расинг Сантандер и Спортинг Хохон.