Кинезите ќе го возвратат ударот на „најголемата трговска војна која ја започнаа САД“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Преку изјавата упатена од Министерството за трговија на Кина, кинеските власти соопштија дека земјата нема друг избор освен да го возврати ударот откако САД „ја почнаа најголемата трговска војна во економската историја“, додека стапуваат во сила царините од 25 отсто на Вашингтон на разни кинески увозни производи.

„На 6 јули САД почнаа да воведуваат 25 отсто царина за кинескиот увоз од 34 милијарди долари. САД ги прекршија трговските правила на СТО и ја почнаа најголемата трговска војна во економската историја“, се вели во соопштението на министерството.

Новите давачки од 25 отсто од администрацијата на Трамп се однесуваат на 818 кинески увозни производи во вредност од 34 милијарди долари. Тие се првата фаза од давачките со кои се закануваат САД за кинески стоки вредни вкупно 450 милијарди долари.

Кина предупреди дека и покрај тоа што вети дека нема „да го испука првиот куршум“, сега ќе биде принудена да изврши „контранапад“ со цел да ги одбрани своите основни интереси. Пекинг вети дека ќе ја информира Светската трговска организација и ќе соработува со други земји за „заедничка заштита на слободната трговија и мултилатералниот систем“.