Кинезите го копираа симпатичниот Smart и малку забегаа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кинескиот Baojun е електричен микро автомобил кој со својот дизајн на големо потсетува на светски популарниот Smart.

Baojun E100 на автомобилската сцена стигна пред една година, а сега е претставено и неговото обновено издание. Го произведува компанијата во чија сопственост се SAIC и General Motors, кои сега одлучија понудата да ја прошират со новите модели на струја.

Новиот модел има ист погон, електричен мотор со моќ од 39 коњски сили, но и вградени помоќни батерии со зголемена автономност од 200 км. Порасна и цената, чија почетна сума е 7.300 долар. Опремата вклучува и infotainment систем, Bluetooth поврзување, како и бројна безбедносна опрема како систем за предупредување при наидување на пешак.

2,5 метри долгото количе може да развие до 100 км/час,  а општата гаранција изнесува 3 години или 60.000 км. Гаранцијата на електричните компоненти е 8 години или 120.000 км.