Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Властите во Кина го уапсија водачот на групата која по енормни цени продаваше солена и минерална вода како вакцина против корона вирусот. Човекот, идентификуван како Конг, прво детално анализирал како изгледа вистинскиот пакет вакцини, а потоа направил повеќе од 58.000 пакети со лажни вакцини, пренесува Би-Би-Си.
Серија од овие лажни вакцини се шверцувани и во странство, но не е познато каде завршиле.
Конг е еден од 70-те лица уапсени во Кина за слични злосторства. Иако повеќето лажни вакцини се појавија на пазарот минатата година, повеќето детали за овие измами беа објавени дури во текот на овој месец.
Според судската одлука, Конг и неговите соработници заработиле 18 милиони јуани со продажба на лажни вакцини, што е околу 2,78 милиони американски долари. Околу 600 вакцини биле испратени во Хонг Конг во ноември минатата година, а потоа и во странство, додека некои дури биле продадени во болници по енормно високи цени. Криминалците, исто така, спроведувале свои програми за нелегална вакцинација. Селските лекари го вакцинирале локалното население со лажни вакцини.