Кинез отиде во Сплит со автомобил со белградски таблици и остави урнебесна порака


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На еден автомобил со белградски регистарски таблички во Сплит била истакната урнебесна порака која, очигледно, возачот ја оставил како мерка за безбедност.

„Ве молам, немојте да ми ги украдете регистарските таблички. Ве молам. Јас сум Кинез. Жал ми е. Автомобилот го рентав во Србија, Ве замолувам, фала“, стоеше напишано на парчето  хатрија кое привлече внимание кај Сплиќаните кои ја фотографираа пораката.

„Признание за нашиот примитивизам“, „Секоја чест, Кинезу“, „Нека му даде некој шал од Хајдук“, беа само дел од коментарите кои беа напишани под фотографијата која беше објавена и на социјалните мрежи. Други, пак, се посомневаа во автентичоста на пораката.