Кинеските власти воведоа царина за 128 производи од САД


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Кина воведува увозни такси на месо, овошје и други производи од САД како одговор на американските даноци за челик и алуминиум што ги воведе претседателот Доналд Трамп.

Царините, според Министерството за трговија на Кина, ќе се применуваат од денеска. На свинското месо од САД таксата ќе биде 25 насто, додека за другите производи и услуги, вклучувајќи овошје, таа ќе изнесува 15 проценти.