Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Министерството за надворешни работи на Кина ја отфрли како лага и политичка фарса пресудата на Ујгурскиот трибунал со седиште во Велика Британија, дека Кина извршила геноцид врз Ујгурите и другите малцинства во Ксинџијанг, јави Кинеската медиумска групација (ЦМГ).
„Антикинеската сепаратистичка организација Светски ујгурски конгрес, која е под контрола на антикинеските сили во САД и на Западот и директно е финансирана од нив, собра мала група антикинески елементи и го формираше Ујгурскиот Специјален суд“, се вели во споопштението на портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, објавено по повод „правосилната пресуда на Ујгурскиот Специјален суд“.
„Оваа антикинеска и сепаратистичка организација троши пари на измамници, купувајќи лажни информации и објавувајќи лажни сведоштва во обид да го дискредитира Ксинџијанг и да ја оцрни Кина“, се додава во соопштението, додавајќи дека „таканаречениот Ујгурски суд нема правни квалификации или кредибилитет“ и дека „т.н. правосилна пресуда е политичка фарса што ја изведуваат неколку кловнови“.
„Лагата е сепак лага, без разлика колку пати е повторена. Иако режисерот и актерите на оваа фарса намерно се обидуваат да дадат сè од себе, гледачи има малку. Лагите не можат да ја сокријат вистината, не можат да ја измамат меѓународната заедницата, ниту можат да го запрат историскиот процес на стабилност, развој и просперитет на кинескиот Ксинџијанг“, се вели во соопштението кое го пренесе ЦМГ.
Ујгурскиот трибунал со седиште во Лондон, кој ги истражува наводите за кршење на човековите права во Ксинџијанг, донесе одлука дека кинеската влада извршила „геноцид, злосторства против човештвото и тортура“ врз Ујгурите, Казахстанците и другите домородни етнички групи во тој претежно муслимански регион.
Ујгурскиот трибунал е основан во јуни и е составен од британски адвокати, академици и бизнисмени, но според Би-би-си, тој нема поддршка од британската влада. Со комисијата од осум члена претседава поранешниот обвинител на Хашкиот трибунал Џефри Најс.
Кина ја оспорува легитимноста на Ујгурскиот трибунал и го нарекува „лажен суд“, велејќи дека тој не е ниту легален ниту веродостоен.