Кинеските власти го стопираа увозот на цитрусно овошје и риба од Тајван


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од денеска кинеските власти го стопираа увозот на цитрусно овошје и два вида рибни производи од регионот на Тајван, изјави Ма Ксијаогуанг, портпарол на Канцеларијата за прашања на Тајван при Државниот совет.

Увозот на грејпфрут, лимони, портокали и замрзната скуша од Тајван е забранет, јавува Кинеското меѓународно радио.

– Суспендиран е и извозот на природен песок од татковината Кина во Тајван – рече Ма.

Најновото влошување на односите во Тајванскиот теснец се случи поради посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на Тајван, кој Кина го смета за дел од својата територија.

Кинеските власти најавија ќе ги преземат сите достапни контрамерки како одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, објави денеска портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг.

„Пелоси го посети Тајван и покрај постојаните протести на Кина“. „Кина ќе ги преземе сите неопходни контрамерки за одлучно да го заштити својот национален суверенитет и територијален интегритет“, рече Хуа на прес-конференција, пренесува ТАСС.

Посетата на Пелоси на Тајпеј „сериозно ги поткопува мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец“ и треба да се третира „како сигнал за поддршка на тајванските сепаратисти“, додаде портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи.