Кинескиот предлог-модел „една земја, два системи“ не е прифатлив за Тајван


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од тајванското Министерство за надворешни работи соопштија дека Тајван го отфрли моделот „една земја, два системи“ кој го предложи Кина во Белата книга објавена оваа недела, пренесува Ројтерс.

Канцеларијата за Тајван на Државниот совет на Народна Република Кина и Канцеларијата за информирање на Државниот совет на Народна Република Кина објавија Бела книга со наслов „Прашањето на Тајван и повторното обединување на Кина во новата ера“.

Во неа како главни принципи за решавање на тајванското прашање се наведени „мирното обединување“ и моделот „една земја, два системи“.

Портпаролката на министерството за надворешни работи на Тајван Зоане Оу на конференција за медиумите кажа само дека народот на Тајван може да одлучува за својата иднина.

„Кина ја искористи посетата на Ненси Пелоси на Тајван како изговор за ново заплашување на луѓето на Тајван“, додаде Оу.